Со вечерашните натпревари се комплетираше третото коло од групата „А“ на Европското првенство, Унгарија ја победи победи со 1:0, додека Германија и Шкотска ремизираа 1:1.
Шкотска и Унгарија одиграа одличен натпревар со многу шанси, но одлучувачкиот момент беше постигнат дури во 10-тата минута од судиското продолжение. Стрелец беше Кевин Чобот.
Csoboth goal vs Scotland #EURo2024 pic.twitter.com/b9WjdDG3oc
— VFOOTBALLS⚡ (@Allgoals_FTB) June 23, 2024
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Германците беа пред пораз од Швајцарија која поведе со голот на Ндоје во 28. минута, а ремито го донесе Фулкруг во 92. минута.
Германија и Швајцарија со ремито обезбедија осминафинале на ЕП, додека Унгарците со три бода ќе се надеваат дека ќе добијат место во нокаут фазата од најдобрите трети репрезентации.