Eден од оние кои сметаат дека фудбалот сигурно нема да продолжи во наредните неколку месеци е поранешниот англиски репрезентативец Гери Невил.
Вирусот Ковид-19 ги запре сите спортови, па така и фудбалот. Премиер лигата се прекина пред десетина дена и официјалниот прекин е до 30. април, меѓутоа никој сигурно не може да каже дека тогаш ќе се игра фудбал. Гери Невил не е оптимист.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
„Мислам дека во овој момент е незамисливо фудбалот да се врати на терените во следните три-четири месеци. Фудбалот не може да продолжи и затоа што сите служби кои треба да бидат на стадионите како полицијата и итната помош ќе бидат достапни за неколку месеци. Болниците и “, смета Невил.
Вакво сценарио секако не посакуваат фудбалските фанови ширум светот и за жал не можеме да кажеме дека не е реално.