Дома Фудбал Англија Гери Невил ги оценуваше сите клубови во ПЛ: За Ливерпул и изненадувањето на сезоната 5+ (ВИДЕО)

Гери Невил ги оценуваше сите клубови во ПЛ: За Ливерпул и изненадувањето на сезоната 5+ (ВИДЕО)

Легендата на Манчестер Јунајтед и сегашен аналитичар на Премиер лигата за „Скај Спорт“ делеше оценки на тимовите.

„Неговиот“ Јунајтед го оцени со „двојка“ со објаснување дека не е на место кое води во Лигата на шампионите, а е клуб кој според реномето мора да биде таму.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Највисоки оценки даде на Ливерпул и Шефилд 5+, „Црвените“ играат фантастично оваа сезона и во 17 натпревари имаат 16 победи и едно реми. Од друга страна Шефилд кој беше еден од главните кандидати за испаѓање пред почетокот на сезоната се наоѓа на високото петто место.

Единици добија, Арсенал, Евертон и Вотфорд. Арсенал вложи многу пари изминатото лето и се очекуваше дека ќе се бори за првите четири позиции, но на Божиќ тие се 11-ти. Слична е ситуацијата и со Евертон кој е на 15-тата позиција, додека Вотфорд е последен.

Погледнете како Невил ги оцени сите екипи:

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Неодамна беше сопственик на гигант, сега банкротира

Основачот на Suning групацијата, Жанг Ѕиндунг, беше сопственик на Интер од 2018 до 2024 го…