Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Георгина го нападна селекторот на Португалија!

Георгина го нападна селекторот на Португалија!

Кристијано Роналдо вчера остана на клупата за резерви кај Португалија која со 6:1 славеше со Швајцарија.

Во минатото навикнавме Роналдо да биде главен во Португалија, но времињата се менуваат па така вчера главна ѕвезда беше 21-годишниот Гонсало Рамош кој стартуваше токму на местото на Роналдо и постигна хет-трик.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Кога во Манчестер Јунајтед не му одеше често пати преку медиумите Тен Хаг го напаѓаше сестрата на Роналдо, а сега критики за селекторот испрати сопругата на Роналдо, Георгина Родригез.

„Честитки за Португалија, 11 фудбалери гордо ја пеееја химната за да ја остварат зацртанта цел.  Срамно е што најдобриот во светот не играше 90 минути. Навивачите не престанаа да го извикуваат неговото име и да го бараат на теренот.

Се надевам дека Бог и вашиот драг пријател Фернандо ќе продолжат рака под рака и ќе дозволат да уживаме во неговите мајстории“, објави Георгина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Реал Мадрид ја доби престижната награда „Лауреус“ за тим на годината (Фото)

Реал Мадрид ја доби престижната награда „Лауреус“ за најдобар тим во светот за 2024 година…