Во викендот кој е зад нас Манчестер Сити во последното коло од Премиер лигата дојде до нов трофеј, четврти во низа во најсилната конкуренција во Англија.
Но, покрај титулата на Манчестер Сити вчера на Островот во центарот на вниманието беше и натпреварот на Ливерпул бидејќи бешѓе последен за Јирген Клоп на клупата на црвените.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Неизбежно беше и Гвардиола на прес-конференцијата по натпреварот да добие прашање за германскиот стратег со кого низ годините изгради големо ривалство
„Клоп многу ќе ми недостасува, беше важен дел од мојот живот. Двајцата неверојатно се почитуваме и можам да му кажам само благодарам за убавите зборови“, изјави Гвардиола кој по изразот на лицето можеше да се забележи и дека е блиску да пушти некоја солза.
'I will miss him a lot…' | Pep Guardiola gets emotional talking about Jurgen Klopp's Liverpool departure#pepguardiola #guardiola #jurgenklopp #klopp
— BeanymanSports (@BeanymanSports) May 19, 2024
Full press conference: https://t.co/sX88mHn2AM pic.twitter.com/2dwbq1654T