Манчестер Сити се вклучи во трката за францускиот репрезентативец, Орелиан Чаумени, пренесуваат англиските медиуми.




Чуамени минатата сезона се наметна во тимот на Монако, а оваа сезона игра одлично и веќе е стандарден во француската репрезентација.




До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
За Чуамени силен интерес покажува Реал Мадрид, но Манчестер Сити е спремен да ја победи конкуренцијата и веќе стапил во контакт со неговиот агент.




Гвардиола верува дека Французинот идеално ќе се вклопи во неговиот стил и на игра и е во потрага по таков профил на фудбалер.




Монако за слободата на својата ѕвезда бара 60 милиони евра, а „граѓаните“ се спремни да ја платат таа сума.