Meнаџерот на Манчестер Јунајтед, Пеп Гвардиола е убеден дека неговиот тим и наредната сезона ќе игра во Лигата на шампионите и покрај гласините дека УЕФА би можела да ги суспендира поради прекршување на финансискиот фер плеј.
Неодамна, после објавувањето на документите на „Фудбал Ликс“ за наводното лажирање на спонзроските договори во Сити се појави вест дека „граѓаните“ би можеле да бидат исфрлени од Лигата на Шампионите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
УЕФА најави дека ќе има истрага, но Гвардиола е убеден дека неговиот тим работел според прописите.
„Никој нас нема да не суспендиран, тоа е она што го мислам“, изјави Гвардиола.
„Верувам во нашиот претседател и извршниот директор. Разговараме и се ми објаснија. Ако сепак тоа се случи ќе ја почитуваме одлуката на УЕФА и ќе продолжиме понатаму“, изјави Гвардиола.
Шампионот на Англија после 15 кола се наоѓа на првото место на табелата во Премиер лигата со 41 освоен бод, два повеќе од вторпласираниот Ливерпул.