Пеп Гвардиола призна дека пред него е еден од најголемите предизвици во кариерата, а тоа е да најде замена за Кун Агуеро.
Аргентинецот за Манчестер Сити до сега постигна 244 гола, а неговиот договор истекува во 2021 година.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Мислам дека за Серхио нема замена. Незаменлив е. Веројатно најтешката работа ќе биде да се најде замена за него. Знаеме сите дека еден ден ќе дојде моментот кога ќе треба да не напушти и сите во клубот се свесни дека ќе мора да се најде вистинска замена за него, а тоа баш и нема да биде лесно“, истакна Гвардиола.
„Габриел Жесус е еден што може да го замени, но… Тешко е да се најде ваков човек, пред се како личност, како фудбалер, како талент… Неверојатен е. Би рекол на исто рамниште како Бразилецот Роналдо, како Ето, како Ромарио. Може да направи буквално се. Во ред, Меси е над сите, ама Агуеро е близу до него“, вели Гвардиола.
Pep Guardiola says finding a striker to fill "irreplaceable" Sergio Aguero's role at Manchester City will be "one of my biggest challenges".
— BBC Sport (@BBCSport) December 27, 2019
More ? https://t.co/LfnZ6bfjpB #mcfc #bbcfootball pic.twitter.com/L2aOUf0utq