Заврши и уште една од летните трансфер-дилеми, Бернардо Силва дефинитивно летово не го напушта Манчестер Сити.




Се поврзуваше Силва со Барселона, потоа и со ПСЖ, меѓутоа донесена е одлука тој да остане во дресот на „граѓаните“. Информацијата за останувањето на Силва ја потврди стратегот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.




Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„Бернардо Силва дефинитивно останува. Не сме имале разговор или телефонски повик од ниту еден клуб за него и тој ќе остане“, изјави Гвардиола.




Претходно се шпекулираше дека ПСЖ е спремен да понуди 80 милиони евра, но очигледно таква понуда на адреса во Манчестер никогаш не стигнала.