Дома Фудбал Англија Гвардиола: Се срамам од тоа како белците се однесуваат кон црнците!

Гвардиола: Се срамам од тоа како белците се однесуваат кон црнците!

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, по триумфот над Арсенал, изрази поддршка за движењето „Црните животи се важни“.

Пред почетокот на мечот фудбалерите на двата тима оддадоа почит кон борбата против расизмот.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


„Белците треба да се извинат за тоа како се однесуваа со црните луѓе 400 години. Се срамам. Мораме да испратиме милиони пораки до црнците. Мене ми е срам од тоа што го направиле белите луѓе. Како луѓето можат да мислат дека се различни? Сите гестови се добри и позитивни“.

„Се што можеме да сториме е да ја подигнеме свеста, дека таквото однесување е неприфатливо. Мораме да направиме многу работи кои досега не сме ги сториле за луѓето со темна боја на кожата. Во моментов се случува добра кампања на таа тема и борбата мора да продолжи“, изјави Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Би било интересн: Надал сака да игра турнир со Ѓоковиќ, Мареј и Федерер, но – не во тенис!

Еден од најголемите тенисери во историјата и новопечениот пензионер сака повторно да се со…