Maнчестер Сити вчера на „Етихад“ го декласираше Барнли со 5:0 во натпреварот од 30. коло во Премиер лигата.
„Граѓаните“ успеаа лесно да дојдат до нова победа и така да се зацврстат на втората позиција на табелата. Сепак, Пеп Гвардиола не беше расположен после натпреварот. Во финишот од натпреварот од игра мораше да излезе Серхио Агуеро кој се пожали на болка во коленото после еден дуел со играч на гостинскиот тим.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Агуеро во таа ситуација се избори за пенал, но веднаш покажа дека нема да може да го продолжи натпреварот. Гвардиола после натпреварот призна дека ситуацијата не е најдобра и дека сезоната за Аргентинецот веројатно е завршена.
„Почувствува болка во коленото и ова навистина не изгледа добро. Се плашам дека за него сезоната е завршена. Докторите кажуваат дека опоравувањето ќе потрае, но утре (денес) ќе направи детални прегледи и тогаш ќе знаеме повеќе. Се уште се надевам на некои добри вести, но не изгледаше добро“, порача Гвардиола.
Ако овие стравови на Гвардиола се потврдат тоа сигурно ќе биде тежок удар за Манчестер Сити. Сити покрај Премиер лигата, во август го очекува и Лигата на шампионите, односно реваншот против Реал Мадрид.