Дома Фудбал Англија Гвардиола призна: Работата не ми е сигурна, зависи од резултатите!

Гвардиола призна: Работата не ми е сигурна, зависи од резултатите!

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола призна дека не му е сигурно столчето после неколкуте лоши резултати во Премиер лигата, но смета дека има поддршка од челниците на клубот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сити под водство на Гвардиола одлично ја отвори сезоната и забележа стартни 10 победи, но од тогаш славеше само 4 пати на последните 15 натпревари во сите натпреварувања.

„Морам да прифатам дека бележевме лоши резултати минатиот месец и со ваква ситуација се соочувам првпат во кариерата. Долгорочни проекти не постојат во фудбалот, сите веднаш бараат победи, а доколку ги нема тогаш си во неволја. Мора да се победува бидејќи во спротивно пристигнува твоја замена. Таквите работи се случуваат во тренерскиот свет, а одлуката е на управата на клубот. Чувствувам дека ја имам поддршката на челниците на клубот, но мојата позиција зависи од резултатите“, истакна Гвардиола.

Гвардиола во претходните два клуба кои ги водеше, Барселона и Баерн, беше доминантен во тамошните шампионати, но англиската лига е значително потешка.

„Не сакам да го напуштам Сити. Никогаш не сум добил отказ, па верувам дека и во Манчестер Сити ќе го одработам договорот до крај. Сигурен сум дека следната сезона ќе биде подобра, како и таа после неа“, заклучи каталоснкиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Покетино пред БиХ: Ова за нас е финале, шутиравме и пенали

Вечерва, пред натпреварот од осминафиналето на Светското првенство меѓу Соединетите Америк…