Дома Фудбал Англија Гвардиола: Премиер лигата заврши, Ливерпул ја заслужи титулата

Гвардиола: Премиер лигата заврши, Ливерпул ја заслужи титулата

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола го поздрави големиот ривал Ливерпул за одличната сезона и веќе му ја честиташе титулата.

„Премиер лигата заврши, Ливерпул ја заслужи титулата. После толку одиграни кола имаат толкава предност затоа што заслужуваат. Би сакал да бевме поблиску до Ливерпул на табелата. Сега ќе се бориме да завршиме втори. Ни остануваат ФА Купот и Лигата на шампиони“, изјави Гвардиола.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Граѓаните“ утре ќе играат против Шефилд Јунајтед во ФА Купот, а ова натпреварување е важно за Сити.

„ФА Купот е многу важен турнир и треба да бидеме сконцентрирани во нашите настапи. Најважен трофеј за овој клуб беше титулата со Манчини, бидејќи таа го промени менталитетот на клубот“, заклучи Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал Мадрид обезбедил ново засилување!

19-годишниот талент и играч од средниот ред, Манекс Резола, кој досега играше за шпанскиот…