Во кариерата Пеп Гвардиола два пати ја освоил Лигата на шампионите, но не успеа да го направи тоа со друг клуб освен со Барселона.
На Манчестер Сити каде што е сега тренер Гвардиола му донесе три титули во Премиер лигата, блиску се „граѓаните“ и до четвртата до која ќе дојдат ако победат утре со Астон Вила. Пред овој натпревар шпанскиот стратег порача дека за него потешко е да се освои англиската Премиер лига отколку Лигата на шампионите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Потешко е да дојдете до титулата во Премиер лигата отколку во Лигата на шампионите. Во Премиер лигата имате повеќе натпревари, доаѓаат повреди, добри, лоши периоди…За нас е голем успех тоа што успевавме да бидеме шампиони во минатите години. Не сакам да кажам дека Лигата на шампионите не е важна, но поразлично е да дојдете до трофеј со шест-седум натпревари во однос на 38“, смета Гвардиола.