Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола зборуваше пред утрешниот дуел со Баерн Минхен во четвртфиналето од Лигата на шампиони.
„Многу сакаме да ја освоиме Лигата на шампиони. Сакаме да се обидеме и ќе дадеме се од себе. А нас е чест да бидеме тука и да играме против елитен клуб како Баерн. Треба да одиграме два перфектни натпревари“, изјави Гвардиола.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Гвардиола зборуваше и за поразот од актуелниот тренер на Баерн, Томас Тухел во финалето од ЛШ пред две години.
„Тоа е минато, сега ќе се обидеме повторно. Поразите и победите се забораваат на еден ист начин. Не обрнувам внимание на тоа што се случило во минатото, тоа е дел од играта“, изјави Пеп.