Дома Фудбал Англија Гвардиола откри кога ќе го напушти Манчестер Сити

Гвардиола откри кога ќе го напушти Манчестер Сити

Ќе мора Манчестер Сити полека да се припрема за живот без Пеп Гвардиола.

Поминаа пет години откако каталонскиот стратег седна на клупата на „грѓаните“ и на неа како што самиот најави ќе помине уште две. Актуелниот договор на Гвардиола му истекува летото 2023 година и истиот изгледа нема да биде продолжен.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Следна цел на Гвардиола после Манчестер Сити ќе биде водење на некоја репрезентација.

„Мој следен чекор ќе биде водење репрезентација. Секако, ако добијам таква можност. Репрезентативниот фудбал сакам да биде моја наредна станица“.

Пеп во 2016 година стигна на „Етихад“ и го подигна клубот на повисоко ниво.

„После седум години во Сити ќе ми биде потребна пауза. Морам да застанам и да ја проценам ситуацијата, учам од другите трениери. Би сакал да тренирам некој државен тим, да се борам за освојување на Европско првенство, Копа Америка или Мундија“, изјави Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Њукасл донесе страшно засилување од 64 милиони

Офанзивецот на Нотингем Форест, Ентони Еланга, е новиот фудбалер на Њукасл. Оваа вест вече…