Дома Фудбал Англија Гвардиола останува без ЕДЕН од своите најдобри играчи

Гвардиола останува без ЕДЕН од своите најдобри играчи

guardiola

Шпанскиот тренер на клупата на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е познат како човек кој не страда од големите имиња и кој ги „ослободува“ големите ѕвезди, бидејќи не се вклопуваат во системот на игра.

Вистински пример за играчи кои не се вклопуваат во неговиот систем и поради тоа мораа да си заминат од клубовите се Златан Ибрахимовиќ, Марио Манџукиќ и Џо Харт, а овде можеме да го напишеме и Тиери Анри, кој во Барса своевремено седеше на клупата отколку што играше во времето на Пеп Гвардиола.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Уште еден од оние кои би можеле да си заминат поради Гвардиола е Агуеро. Аргентинецот се смета за еден од најдобрите играчи на Сити, а Гвардиола често го остава на клупа, што на играчот тоа не му се допаѓа. Англиските медиуми пренесуваат дека Агуеро не е среќен поради односот на Гвардиола спрема него и дека има намера да си замине од клубот.

Потсетуваме, и минатата сезона се шпекулираше дека Агуеро е на излезни врати, но со оглед на тоа што работите се променија, веројатно дека Аргентинецот би требало на лето да си замине. Одличниот напаѓач оваа сезона одигра 13 натпревари во Премиер лигата и постигна 10 гола со три асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Веќе се познава костурот во Лигата на шампионите: Кој со кој не може да се сретне до полуфиналето и финалето во ЛШ?

Зад нас е шестото коло од групната фаза на Лигата на шампионите, по кое потенцијално можем…