Со доведувањето на Емерик Лапорте од Атлетик Билбао за сума од 65 милиони евра што е клупски рекорд, Манчестер Сити оваа сезона ја надмина границата од 300 милиони евра на засилувања.
Токму поради тоа стигнуваа и голем број критики и обвинувања на сметка на Шпанецот за огромното трошење, а Гвардиола сега им одговори.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ние потрошивме 300 милиони евра на шест фудбалери, а некои клубови за таа сума купија двајца фудбалери. Критиките ги разбирам, тоа се многу пари. Но добрите фудбалери денес вредат навистина многу. Од друга страна ги прекинавме договорите со дури седумина фудбалери постари од 30 години и моравме да доведеме нови бидејќи останавме без пет дефанзивци“.
„Сите овие трансфери беа неопходни. На лето можеби ќе доведеме уште еден или двајца фудбалери и тоа е тоа. Ова план за на долги патеки, доколку клубот така одлучи повеќе не мораме да трошиме повеќе од 100 милиони евра во еден преоден рок“, изјави Гвардиола за „Марка“.