Дома Трансфер зона Гвардиола од Португалија носи замена за Јаја Туре!

Гвардиола од Португалија носи замена за Јаја Туре!

Англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер Сити е блисо до договор со првото засилување за следната сезона.

Имено, Јаја Туре сигурно заминува од „Етихад“ на крајот на сезоната, а негова земана ќе биде Вилијам Карваљо од Спортинг Лисабон.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Португалскиот репрезентативец е еден од најдобрите дефанзивни играчи за врска во Европа и е на радарот на многу европски гиганти, но Сити беше најбрз и ја победи конкуренцијата.

Англиските медиуми пренесуваат дека „граѓаните“ за Каваљо ќе платат 30 милиони евра, а олеснителна околност во преговорите е фактот што негов агент е братот на Гвардиола, Пере.

Гвардиола во Карваљо гледа играч кој ќе може да одработи дефанзивни задачи како Бускетс во Барселона, и е негова прва желба за замена на Јаја Туре.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…