Тренерот на Манчестер Сити, Хосеп Гвардиола призна дека очекува тежок натпревар против Барселона и дека нема рецепт против Лео Меси.
Стратегот нема убави спомени од последното гостување во Барселона, во 2015 со Баерн Минхен загуби со 3-0 во полуфиналето од Лигата на Шампионите.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тогаш Лео Меси со два гола ги реши Баварците а Аргентинецот и вечерва ќе биде главна опасност по голот на „гаѓаните“.
„Се уште не знам што да им кажам на дефанзивците за тоа како да го сопрат Меси. Тој е голем талент и секогаш измислува нешто, како и другите двајца – Нејмар и Луис Суарез. 90 минути е многу време и тие сигурно ќе имаат шанса да ни постигнат гол. Доста се прецизни и сигурно ќе одбележат, ако не од првата, од втората можност“, прокоментира Гвардиола.