Дома Топ вести Гвардиола најде замена за Сане – спремни 75 милиони

Гвардиола најде замена за Сане – спремни 75 милиони

Лерој Сане е на излезна врата од Манчестер Сити и медиумите тврдат дека е многу блиску до трансфер во Баерн Минхен.

Германецот не е задоволен од својот статус на „Етихад“ и одби да го продолжи договорот со „граѓаните“, па е спремен да се врати во Бундеслигата и да го облече дресот на Баерн Минхен.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Управата е целосно фокусирана на овој трансфер и оптимист сум дека наскоро ќе го имаме Сане во тимот“, изјави тренерот на Баерн, Нико Ковач.

Англиските медиуми тврдат дека Сити нема да му стои на патот на Сане, па Гвардиола веќе ја пронашол неговата замена, а станува збор за шпанскиот репрезентативец, Микел Ојарзабал.

Ѕвездата на Реал Сосиедад во договорот има откупна клаузула од 75 милиони евра, па „граѓаните“ се спремни да ја платат доколку Сане одлучи да си замине.

22-годишниот играч, кој неодамна ја покори Европа со младата репрезентација на Шпанија, имаше одлична сезона во Сосиедад и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Сити веќе стапил во контакт со неговиот агент и нема да има проблеми да ги договори личните услови, а потоа воопшто нема потреба да преговара со Сосиедад бидејќи е спремен да ја плати откупната клаузула.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…