Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека не е премногу незадоволен поради елиминацијата од Лигата на шампионите.
Манчестер Сити не успеа да се пласира во полуфиналето од Лигата на шампионите со вкупни 5:1 беа поразени од екипата на Ливерпул.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не мислам дека успеавме да го направиме она што сакавме, но не бевме ниту неуспешни“, изјави Пеп.
„Граѓаните“ пропуштија прилика да ја освојат титулата во минатото коло кога играа против Манчестер Јунајтед, но пред нив се неколку натпревари во кои можат тоа да го направат.
Лигата на шампионите можете да ја освоите ако одиграте седум добри натпревари, а со Премиер лигата тоа не е случај. Овој клуб е неверојатен во сите сегменти“, изјави Гвардиола.
Потоа Шпанецот зборуваше и за повредите кои ги мачат „граѓаните“ оваа сезона.
„Имаме навистина многу проблеми со повредите. Немаме премногу играчи на располагање. Агуеро е повреден, Фернандињо е суспендиран, Менди исто така е повреден. За следниот натпревар имаме 14 играчи на располагање“, заврши Пеп.