Манчестер Јунајтед синоќа рутински славеше на гостување кај Мехенгладбах со 2:0 и со една нога е во четвртфиналето од Лигата на шампиони.
Така продолжи одличната серија на „граѓаните“ од 19 победи по ред, па сега се сметани за први фаворити за трофејот во ЛШ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ако луѓето мислат дека ние сме фаворити, тоа мораме да го прифатиме, но како може фаворит да биде тим кој во својата историја има само едно полуфинале во ЛШ? Како? Но, ако така се зборува, ние ќе ја прифатиме таа улога“, изјави Гвардиола.
Потоа Пеп на новинарско прашање за трансферите одговори саркастично.
„Имаме многу пари и може да купиме се што сакаме од фудбалскиот пазар, може да купиме неверојатни фудбалери. И тогаш, нормално победуваме“.