Манчестер Сити на првиот натпревар во Лигата на шампионите славеше против Лајпциг со 6:3.
По овој натпревар Пеп Гвардиола даде изјава со која ги налути навивачите. Пеп зборуваше за посетеноста на стадионот, а навивачите му порачаа да си ја гледа неговата работа. Нивното соопштение можете да го прочитате – тука.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сега стигна и одговорот од Шпанецот.
„Нема да се извинам за кажаното. Ова не е првпат во мојата кариера, сум кажал такво нешто во Барселона и Баерн. Кога играме со тим како Лајпциг знам колку е тешко за три дена да играме со Саутемптон. Кога кажав дека барам поддршка, тоа не значеше дека жалам од посетеноста, туку ги поканив да дојдат во поголем број и да уживаат на трибините, а воедно и ни се потребни. Ако не можете да дојдете, не доаѓајте. Не сакам да ми ставате зборови во уста кои не сум ги кажал. Ако јас сум проблем ќе се повлечам, не ми е проблем“, изјави Гвардиола.