Милан ова лето го откупи договорот на Факијо Томори од Челзи за 28 милиони евра.
Томори во јануари простигна на позајмица од Челзи и веднаш се наметна во првиот тим и со своите настапи го импресионираше раководството, но и фановите.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Милан имаше опција да го откупи за 28 милиони евра и „росонерите“ без размислување го откупија дефанзивецот.
Томори се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Серија А и доби повик од англиската репрезентација.
Интерес за Томори покажуваат Ливерпул и Манчестер Сити и се спремни да понудат 60 милиони евра за неговиот потпис.
Меѓутоа, италијанските медиуми тврдат дека Милан не сака да слушне за продажба и ќе ги одбие сите понуди.