Манчестер Сити според зборовите на Пеп Гвардиола нема да купува нови играчи во текот на зимата.
Граѓаните и оваа сезона доминираат во Премиер лигата, а менаџерот Пеп Гвардиола смета дека сегашниот играчки кадар може да ја освои втората во низа титула и дека не му се потребни засилувања.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Не, не, нема да трошиме ништо. Задоволен сум од моменталниот тим, некои играчи ќе се вратат, па така нема да донесуваме нови.“ – порача менаџерот на Граѓаните.
Да потсетиме, изминатиот период се шпекулираше дека на Етихад би можел да пристигне Рубен Невес од Волвс, како и Иско од Реал, меѓутоа промени во соблекувалната очигледно нема да има.
Инаку, Сити моментално е прв во Премиер лигата со 35 освоени бодови, пред Ливерпул со 33.