Дома Фудбал Англија Гвардиола заминува, Сити му бара замена

Гвардиола заминува, Сити му бара замена

Пеп Гвардиола му соопштил на раководството на Манчестер Сити дека ќе замине на крајот на оваа сезона после девет години поминати на „Етихад“.

„Граѓаните“ ќе се обидат да го убедат да остане, но веќе бараат тренер кој може да го замени.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Британските медиуми тврдат дека најголем фаворит за позицијата е португалскиот стручњак Рубен Аморим кој во моментов е тренер на Спортинг Лисабон. 

Аморим и минатото лето се поврзуваше со Ливерпул и Вест Хем, но на крајот остана во Лисабон.

Аморим целосно се вклопува во филозофијата и плановите на Сити со оглед на тоа што има само 39 години и може да претставува долгорочно решение за актуелниот шампион на Англија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Аморим: Многу ми е жал за луѓето кои мораа да си тргнат од стадионот додека губевме 2:4

Во исклучително драматичен натпревар Јунајтед го исфрли Лион и помина во полуфиналето на Л…