Од утрово на големо се пишува за иднината на Ерлинг Халанд, односно дека неговиот трансфер во Манчестер Сити е скоро договорена работа.
„Скај Спорт“ објави дека Сити прифатил да ја плати клазулата од 75 милиони евра и дека Халанд во Манчестер ќе добива плата од 500.000 фунти неделно. Пеп Гвардиола доби прашање на оваа тема на денешната прес-конференција, сепак не сакаше да открие многу.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Немам одговор на прашањето кое ми го поставувате. Во овој момент имам многу други поважни работи за да мислам на следната сезона, ќе мислиме кога оваа ќе заврши. Не сакам во период кога се бориме за трофеи да зборуваме за трансфери“, изјави Гвардиола.
Најавата на „Скај Спорт“ беше дека Сити со сите сили ќе тргне по Халанд и нема да си дозволи да остане без него како што минатото лето остана без Хари Кејн иако и тој трансфер многу се најавуваше.