Манчестер Сити освои само еден бод против Интер во првото коло од Лигата на шампионите, а интересен настап на прес-конференцијата имаше тренерот Гвардиола.
Според Гвардиола, неговиот тим одиграл многу подобро отколку во финалето кое го играа против „нероаѕурите“.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Против Интер одигравме подобро отколку во финалето минатата година“, започна Гвардиола, додека новинарите го запрашаа што конкретно му се допаднало.
„Се, игравме навистина добро, го сакам мојот тим, одлична екипа сме“, одговори Пеп.
На полувремето Гвардиола направи две замени, па доби прашање и за тој момент и повторно даде интересен одговор.
„Нова верзија на Пеп. Ќе го направам тоа и против Арсенал“, истакна шпанскиот стратег.
Дербито помеѓу Арсенал и Манчестер Сити е закажано за в недела.