Манчестер Сити рутински го победи Сандерленд со 2:0 во Премиер лигата, а после мечот Гвардиола имаше прилика посебно да пофали еден фудбалер.
Станува збор за Давид Силва, за кого Гвардиола имаше само убави зборови и призна дека го поканил на вечера.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Давид е еден од најдобрите играчи кои сум ги тренирал во животот. Една од причините затоа што сум овде е токму тој. Бев во Шпанија кога тој играше во Валенсија и навистина беше одличен. Но, кога ќе го запознаете гледате дека станува збор за уште подобар играч“, истакна Гвардиола.
„Давид има менталитет на победник, тој е борец, многу трча и многу е брз. Сеуште ова не сум му го кажал директно во очи, но ќе имам прилика. Ќе одиме на вечера заедно, веќе му испратив покана“, откри Пеп.