Дома Фудбал Гвардиол веќе е хит во Сити: „Нема да поминеш“

Гвардиол веќе е хит во Сити: „Нема да поминеш“

Јошко Гвардиол пристигна во Манчестер Сити како големо засилување.

Се чини дека ќе биде така, бидејќи навивачите на Сити се задоволни од настапите на одличниот Хрват.


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


Така беше и во победата од 1:0 против Њукасл.

Гвардиол одигра 90 минути и неговото запирање на противничкиот напаѓач Калум Вилсон беше хит на социјалните мрежи.

Вилсон во спринт тргна кон Хрватот, но Гвардиол реагираше со десната нога и ја спречи опасноста.

Сити објави и видео со опис „Нема да поминеш“.

Гвардиол ја започна својата сениорска кариера во Динамо Загреб, расадник на некои од најталентираните хрватски играчи некогаш создадени.

За две сезони во својата татковина, тој освои две хрватски првенства, еден Куп на Хрватска и хрватски Суперкуп пред да се пресели во германски РБ Лајпциг.

Гвардиол забележа 87 настапи за Лајпциг во сезоните 2021/22. и 2022/23, постигнувајќи пет гола и освојувајќи два куп трофеи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

УЕФА потврди: Отворена е истрага против Демирал!

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) потврди дека е отворена постапка против турскиот херој …