Манчестер Сити во изминатата ноќ успеа да слави победа (3:2) над Баерн Минхен, но никој во овој клуб не беше премногу задоволен после натпреварот.
Имено, причина за таквото расположение е повредата на скапоценото засилување од Лестер, Ријад Марез.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Марез заработи незгоден удар во почетокот од натпреварот, на крајот не издржа и мораше да биде заменет уште во првото полувреме.
Засега нема конкретни информации за степенот на повредата, ќе мораат да се почекаат деталните прегледи, но начинот на кој фудбалерот пристигна во Манчестер не ги израдува навивачите.
? | Riyad Mahrez on crutches as the City squad return to Manchester. [MEN] pic.twitter.com/EDD4KBjyWB
— City Watch (@City_Watch) July 29, 2018