Низ историјата немало премногу пргави играчи како Џенаро Гатузо, а таа страст Џенаро ја пренесе и кога стана тренер, иако сега мора да се признае повеќе се држи под контрола.
Гатузо по натпреварот против Болоња кој заврши без победник 1:1 својот темперамент го спореди со Синиша Михајловиќ. Двајцата се големи пријатели, а тоа го покажаа со фотографијата која настана пред почетокот на натпреварот (тука).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За Гатузо Михајловиќ е по „опасен“ од него.
„Синиша е поинаков. Јас лаам, но не касам. Но, кога Синиша ќе залае на тебе, подобро чувај се“, се пошегува Гатузо.
Потоа Гатузо призна дека неговиот тим во овој натпревар играл под очекувањата.
„Имавме среќа да освоиме бод. Во второто полувреме игравме како пред неколку месеци. Болоња беше многу подобра од нас. Бевме полоши од претходните 7-8 натпревари и тоа е неприфатливо. Не ме интересираат тие приказни дека сме снемале мотив бидејќи за неколку недели не чека реваншот против Болоња“, изјави Гатузо.