Дома Фудбал Останато Гатузо е голем и испрати апел за помош во БиХ: Ве замолувам сите, мораме да помогнеме!

Гатузо е голем и испрати апел за помош во БиХ: Ве замолувам сите, мораме да помогнеме!

Тренерот на Хајдук Џенаро Гатузо (46) побара помош за луѓето кои настрадаа во големите поплави во Босна и Херцеговина, каде загинаа најмалку 21 лице, а беше направена огромна материјална штета.

Легендата на италијанскиот фудбал така се приклучи на познатите имиња кои повикуваат да се помогне на најпогодените од големите поплави.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Поздрав до сите, тука тренерот Гатузо. Сакам да упатам апел во врска со трагедијата што се случи во Босна. Сакам да ве замолам да им помогнете на настраданите од оваа трагедија и да испратите порака и да им пружите помош на сите луѓе кои се погодени со јавување на бројот 17039“.

Ве молам, сметам на вас. Мораме да им помогнеме на луѓето кои изгубиле членови на семејството и имот и кои сега се во тешка ситуација. Голема прегратка до сите. Бидете силни“, порача Гатузо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Познат новиот тренер на Челси ако Мареска добие отказ

Енцо Мареска е на прагот да го напушти Челси како главен тренер поради нарушување на однос…