ПСЖ вчера беше поразен од Лион во дербито од француското првенство, а и во овој натпревар во центарот на вниманието беше Лионел Меси.
Веќе е јасно дека Аргентинецот има лош однос со навивачите во Париз и вчерашниот натпревар на „Паркот на принцовите“ беше само доказ за таквата ситуација.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пред почетокот на натпреварот Меси доби свирежи од трибините, додека сите останати негови соиграчи беа дочекани со аплази. Не остана и Меси без одговор, па така по завршувањето средбата единствен од тимот на ПСЖ без поздрав си замина во соблекувалната.
🚨🚨| Leo Messi’s name was booed at the Parc des Princes when his name was announced in the starting 11 today. 🇦🇷🎥pic.twitter.com/Zz68VxwoCZ
— PSG Report (@PSG_Report) April 2, 2023
Leo Messi was whistled once again by the PSG fans tonight in their 1-0 defeat to Lyon. #PSG 🔵 pic.twitter.com/H5Mi7mp6CQ
— Football Talk (@FootballTalkHQ) April 2, 2023
Тренерот на „светците“, Крситоф Галтие по натпреварот истакна дека не го разбира потегот на навивачите и застана во одбрана на Меси.
„Навистина не ги разбирам критиките кон него. Чекаме од него или Килијан да ја решат ситуацијата, тој ја води нашата игра и многу зависи целата креација на тимот од неговиот настап. Не можеме да се потпираме само на двајца играчи. Свирежите за Меси немаат смисла, тој беше наш најдобар стрелец и асистент во првиот дел одсезоната“, изјави Галтие.