Голманската сензација на Милан, Џнлуиџи Донарума блеска и оваа сезона на голот на „росонерите“, па многу европски клунови се заинтерсирани да го видат во своите редови.
Иако има само 17 години, Донарума веќе една година е прв голман на седумкратниот европски шампион, а неодамна дебитираше и за сениорската репрезентација на Италија.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Потпретседателот на Милан, Адриано Галиани им порача на сите заинтересирани клубови да ги тргнат настрана рацете од Џиџио и дека тој уште многу години ќе остане на „Сан Сиро“.
„Сигурен сум дека Џанлуиџи Донарума ќе биде играч на Милан уште многу години. Мислам дека тој ќе биде наследник на Буфон, во националниот дрес, иако Џиџи е се уште одличен голман“, изјави Галиани.
„Милан нема никаква намера да го продава Донарума и наскоро кога ќе наполни 18 години и кога ќе стане полнолетен ќе потпише нов, долг договор со клубот“, додаде Галиани.