Милан вчера изгуби во Бергамо од Аталанта 5:0 и тоа беше најтешкиот пораз за клубор во последните 20 години.
Тимот на Стефано Пиоли одигра кастрофален натпревар и Божиќ ќе го дочека на 11. место на табелата. Милан е огромни 14 бода одалечен од местото кое води во Лигата на шампионите, а само седум од зоната за испаѓање. Еден од најголемите клубови во светот го изгуби идентитетот, изгубен е во клупската политика, накратко – ништо не оди!
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Газета дело Спорт“ денес излезе со насловна на која напиша „спасете го Милан“.
„Ова е пекол. Тимот се распаѓа, а управата се подели на фракции. Помеѓу сите во клубот очигледно е несогласување. Ова стана провинциски тим, а она што на сите им е јасно е дека Милан повеќе не е Милан. Тоа повеќе не е клубот кој седум пати ја освојуваше Европа. Нема ниту грам од таа стара слава и дури најголемите оптимисти престануваат да сонуваат. Нешто ќе се прашуваат и Паоло Малдини и Звонимир Бобан кои Американците ги доведоа како луѓе на кои Милан им е во душата, но тие не успеаа да создадат вистински тим. Во овој тим на Милан има играчи кои пред 10 години не би можеле ниту да влезат во Миланело, тешко би можеле и да ги чистат копачките на Пирло, Шевченко, Сидорф и Кака“, пишува „Газета“.