Дома Трансфер зона Газдата на Фиорентина за Киеза: Ако сака може да си оди!

Газдата на Фиорентина за Киеза: Ако сака може да си оди!

Федерико Киеза е на мета на многу клубови, гигантите постојано го следат и само прашање на време е кога ќе ја напушти Фиорентина.

Фиорентина во летниот преоден рок одолеа на богатите понуди, но медиумите тврдат дека не е исклучено Киеза да биде продаден во јануари.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тоа го потврди и првиот човек на Фиорентина, Роко Комисо, кој изјави дека играчот ако сака може да си оди.

„Веќе разговарав со неговиот татко Енрико. Ако Федерико сака да си оди, тоа може да го направи, но само ако стигне адектватна понуда до Фиорентина“, изјави Комисо.

Киеза има договор со Фиорентона од 2022 година, го сакаат Интер и Јувентус, но „виолетовите“ за неговата слобода бараат најмалку 55 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед ја купува незадоволната ѕвезда на Челзи

Oфанзивецот на Челзи, Кристофер Нкунку сака да го напушти клубот во текот на зимскиот прео…