Дома Останати Ракомет Газдата на Загреб: Нашето играње во ЛШ нема врска ситуацијата на Вардар

Газдата на Загреб: Нашето играње во ЛШ нема врска ситуацијата на Вардар

Денес беа познати сите учесници во Лигата на шампионите, ЕХФ ги објави и екипите кои добија вајл-карти, а меѓу нив е и ППД Загреб.

Претседателот на хрватскиот тим Ведран Шупковиќ истакна дека е пресреќен поради ваквата одлука на ЕХФ, но и потенцираше дека тоа нема врска со исфрлувањето на Вардар од елитното европско натпреварување.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


„Хрватска има клупски национален коефициент кој во овој момент е десетти во Европа и така аплициравме за покана. Прифатени требаше да бидат шест покани, но поради исфрлувањето на Вардар таа бројка дојде на седум“.

„Сакам да појаснам дека Загреб не го доби местото на Вардар. Нашиот статус нема врска со ситуацијата во нивниот клуб. Исто така сакам да истакнам дека ППД Загреб е трет во евалуацијата на ЕХФ од 13-екипи кои се пријавија да добијат покана“, изјави Шупковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Галевски знае каде летово нема да оди на одмор – во Грција!

Младиот чувар на мрежата на Алкалоид, Иван Галевски, кој блесна во првиот финален натпрева…