
Ракометниот шампион на Македонија денес ги стартуваше подготовките за новата сезона, а од клупата црвено-црните во новата сезона ќе ги предводи добро познато лице, Веселин Вујовиќ.
Вујовиќ денес ја имаше првата средба со новинарите пред стартот на сезоната
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
„Вчера имавме состанок со претседателот Михајловски кој ни ги oбјасни случувањата околу клубот, решен е проблемот со ЕХФ околу депозитот и можеме да се сконцентрираме на новата сезона. Го одработивме првиот тренинг и имаме позитивна атмосфера, тоа радува. Вардар е бред и мора да одиме по трофеи. Без разлика дали играчите ме сакаат или мразат треба да го остават срцето на терен“, изјави Вујовиќ.