Дома Останати Авто Мото Вуков викендов ќе атакува на Ред Бул Ринг

Вуков викендов ќе атакува на Ред Бул Ринг

Со враќањето на трките од Формула 1 во Европа, повторно стануваат актуелни и трките од Порше Суперкуп, во кои се натпреварува македонскиот возач Ристо Вуков.

По многу перипетии во кои беше вклучен трансферот од еден во друг тим, откажувањето на еден тест, а потоа и на првата трка во Имола, првата трка во Монако беше одбележана со излетување во квалификациите.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


– За претстојниот настап во Австрија се подготвував така што успеав да организирам две дополнителни тестирања, но и да успеам да соберам нова енергија. Бурниот старт на сезоната е зад мене, поуките се извлечени и продолжувам со нова мотивација. Како што напишале, „Минатото е крадец што не може ништо да даде, а може да ја украде убавата иднина“. Се чувствувам подготвен за предизвикот и очекувам добра трка на вистински, модерен и безбеден автодром, кој е тотална спротивност од тесните улици на Монте Карло.

Според распоредот, тренингот се вози во петок од 18.30 часот, а квалификациите се в сабота од 15 часот. Трката е предвидена пред големиот Ф1 спектакл, со старт во 11 часот и 40 минути.

– Конкуренцијата е голема, има 30 возачи, едни од најдобрите во светот кога станува збор за трките со спортски возила. Моја цел отсекогаш била да се борам за првите позиции, освојувањето подиум во оваа категорија е сон за мене. Тренинзите ми влеаја доверба дека сме на добар пат со напредокот во поглед на вадењето максимум од возилото, а тоа е основа за висок пласман. Очекувам повторно разликите да бидат мали, да одлучуваат нијанси, но тука сум за да го дадам најдоброто од себе.

Трките од Порше Суперкуп се возат од 1993 година и ова е нивна 31 сезона на светско ниво. Рико минатите три години ги мина во Порше Карера Куп Италија, а ова е негова прва сезона во Порше Суперкуп

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Официјално: Од 2026 година ќе гледаме нов тим во Формула 1

Tимот на Кадилак од 2026 година ќе стане 11. член на Формула 1 откако Џенерал Моторс, мати…