Садио Мане пред неколку дена се повреди и неговиот настап на Мундијалот е доведен под знак прашалник. Најдобриот фудбалер на актуелниот освојувач на Африканскиот Куп на Нации се најде на списокот на Сенегалците, а тоа на луѓето во Баерн не им се допаѓа.
Вчера Генералниот секретар на Фудбалската федерација на Сенегал изјави дека врач ќе го лекува Мане од повредата на титулата, сега стигна јасна порака од стратегот на Баерн, Јулијан Нагелсман.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Нормално е во Сенегал да сакаат Мане да игра, тој е нивниот најважен играч, но ако има болки не смее да игра! Секогаш здравјето на фудбалерот е најважно, тоа важи за сите кој и да е во прашање“, изјави Нагелсман.
Повредата на Мане на тетивата не е наивна, првите проценки беа дека скоро сигурно нема да игра, но сега се прави се за тој да биде спремен.