Воска Спорт одигра одлична сезона во Втората фудбалска лига и наредната сезона ќе се натпреварува во најсилната конкуренција, а во својата дебитантска сезона во друштвото на најдобрите ќе влезе со нов тренер.
Клубот од Охрид официјално му се заблагодари на досегашниот предводник Берат Ирин.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Двете страни не успеале да пронајдат заеднички јазик за продолжување на соработката, па сега клубот ќе добие нов стратег.
Под негово водство во Втората лига, Воска победи на 23 натпревари, одигра шест нерешени средби и само еднаш беше поразена.