Дома Останати Кошарка НБА Вориорси победија со 47 поени разлика, солиден Јокиќ не беше доволен за радост на Денвер (ВИДЕО)

Вориорси победија со 47 поени разлика, солиден Јокиќ не беше доволен за радост на Денвер (ВИДЕО)

Изминатата ноќ во НБА лигата беа одиграни пет натпревари, а се издвјуваат натпреварите во кои Голден Стејт запиша убедлива победа и домашниот пораз на Денвер.

Вориорсите со дури 47 поени разлика славеа против Шарлот. Натпреварот заврши со 137:90. Најефикасен кај домаќините кои постигнаа 21 тројка беше Стеф Кари со 25 поени.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


https://www.youtube.com/watch?v=ryNwC3YKNAw

Наџентси одлично го отворија натпреварот против Вашингтон и после првата четвртина имаа +11, но на крајот беа поразени со 90:95. Никола Јокиќ уфрли 23 поени, имаше 14 скокови, но беше исклучен во финишот од натпреварот. Гостите до победа ги предводеше Трој Браун со 25 поени.

Тимот на Сан Антонио изненадувачки запиша пораз на домашен терен. Сакраменто ги победи со 106:113. На Спарси не им помогнаа ниту 27-те поени на Олдриџ, на другата страна со 26 поени најефикасен беше Хилд.

ЛА Лејкерси во натпревар кој немаше резултатско значење славеа против Њу Орлеанс со 102:130, додека Клиперси беа подобри од Мемфис со 113:96.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…