Дома Останати Тенис Вондроушова е првата финалистка на Вимблдон!

Вондроушова е првата финалистка на Вимблдон!

Чешката тенисерка Маркета Вондроушова е првата финалистка на овогодинешниот Вимблдон.

Денес Вондроушова беше подобра од Елина Свитолина со 2:0 во сетови. Првиот сет беше одлучен откако Свитолина се држеше до 3:3, а потоа направи неколку грешки со кои дозволи противничката да дојде со 6:3.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Вториот сет Вондроушова го започна одлично и многу брзо дојде до 4:0 предност, Свитолина за момент се врати со еден брејк и намали на 3:4, но чешката тенисерка не дозволи пресврт и го доби сетот со 6:3.

Противничка на Вондроушова ќе биде подобрата од второто полуфинале помеѓу Онс Жабер и Арина Сабаленка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Иванишевиќ добива нов ангажман – ќе го тренира Циципас

Тениската вест на денот доаѓа од Атина. Според „Газета“ од таму, Горан Иванишевиќ ќе стане…