Вулверхемптон покажа дека и оваа сезона ќе се бори за висок пласман и лесно славеше на гостувањето кај Шефилд Јунајтед со 2:0.
„Волците“ одлично го започнаа мечот и стигнаа до водство уште во 3-та минута. Преку еден контранапад Поденс одлично центрираше, а Хименес го отвори резултатот.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Само три минути подоцна после еден корнер Сајс беше највисок во скокот и зголеми на 2:0.
Тоа ја отвори вратата на Вулверхемптон за лесна победа, бидејќи Шефилд не успеа да создаде опасна шанса за да ја врати неизвесноста.