Дома Фудбал Англија Волкот: Ова не е Арсенал!

Волкот: Ова не е Арсенал!

Навивачите на Арсенал не паметат кога нивниот клуб забележал четири последователни порази на гостувањата.

Сепак, тоа му успеа на актуелниот тим на Арсен Венгер, кој синоќа доживеа нов дебакл и загуби на гостувањето кај Кристал Палас.

Тео Волкот кој ја носеше капитенската трака синоќа, не го криеше разочарувањето.

„Најлошо е кога ќе ги разочарате своите навивачи. Оваа воопшто не беше Арсенал вечерва. Ова не сме ние. Ги изневеривме очекувањата на фановите“, изјави Волкот.

„Мораме да одговориме на вистински начин. Мислевме дека сме на вистинскиот пат после ремито со Сити, но изгледа не е така“.

„Не излегуваме на терен за да ги губиме натпреварите. Можеме само да се извиниме за оваа партија вечерва“, заклучи Волкот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бомба од Минхен: Баерн ја следи ситуацијата во Манчестер Сити и во јануари тргнува по една од ѕвездите?

Манчестер Сити се најде во големи проблеми по пресудата во случајот кој веќе со години го …