Дома Фудбал Англија Вокер им фаќаше сеир на навивачите на Арсенал: Ептен промашија…

Вокер им фаќаше сеир на навивачите на Арсенал: Ептен промашија…

Maнчестер Сити вчера го победи Тотенхем во Премиер лигата со 0:2 и така „граѓаните“ сами ќе одлучуваат за титулата во последното коло.

Секако расположението во таборот на Манчестер Сити беше на високо ниво, а Кајл Вокер одлучи и да испрати провокација до навивачите на Арсенал.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Имено, навивачите на Арсенал вчерта пред натпреварот пукаа огномет пред хотелот каде што требло да бидат сместени, но фудбалерите воопшто не допатувале во Лондон и од Манчестер пристигнале на денот на натпреварот.

„Имав проблем да заспијам минатата ноќ, кога денес стигнав во хотелот слушнав дека навивачите на Арсенал пукале огномет пред хотелот, а ние воопшто не бевме таму. Ептен промашија…“, низ смеа искоментира Вокер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Анчелоти: Реал Мадрид е најголемиот клуб во историјата

Карло Анчелоти е еден од тренерите со најбогата историја и во својата кариера седеш на клу…