Aвстралискиот борец со македонско потекло Александар Волкановски ја одбрани титулата во УФЦ шампионатот до 66 килограми откако го победи Макс Холовеј.
Со оваа победа Волкановски стана само четвртиот борец во историјата што победил на своите први 12 борби во УФЦ. Пред Волкановски тоа им успеа на Андерсон Силва, Камару Усман и Хабиб Нурмагомедов.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Оваа победа на Волкановски дополнително добива на тежина ако се знае дека утше во втората рунда од борбата го скршил палецот.
„Во втората рунда го скршив палецот, но тоа не ме спречи да продолжам. После операцијата ме чека рехабилитација од 12 недели. Со нетрпение го чекам враќањето, ви благодарам на поддршката“, објави 33-годишниот борец.