Исклучително возбудлива трака во Мото ГП се возеше во Асен со безброј претекнувања а на крајот триумфираше Марк Маркез.
Маркез ги надмудри Довициозо, Вињалес и Роси, кои цело време притискаа и ја напаѓаа лидерската позиција. Во еден момент светскиот шампион излета од патеката, по еден дуел со Вињалес, но експресно се врати и на три круга до крајот дојде до посакуваниот триумф.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Конкуренцијата во тие моменти не можеше да го стигне, а дополнително му беше олесната задачата кога Андреа Довициозо во обидот да го претекне Валентино Роси во свиокот број еден се прецени на сопирање, дојде до мал контакт па двајцата Италијанци го загубија ратамот. Нивната „војна“ ја искористија Маверик Вињалес и Алекс Ринс, кои во завршницата водеа битка за последните две места на пиедесталот.
Во генералниот пласман води Марк Маркез со 140 бода, втор е Валентино Роси со 99 бода, додека трет е Марк Вињалес со 93 бода.